Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июль
2017

Путин именуваше воени генерали за заштита на границата со Украина

0

Министерството за одбрана на Русија изврши избор на кадри за раководниот состав на 8 општа армија на Јужниот воен округ, која ќе игра важна улога во безбедноста на југозападниот стратешки правец, пред сѐ на границата со Украина.

Претседателот Владимир Путин со указ ги именуваше офицерите за командување со 8 армија, изјави висок член на Генералштабот на руската војска, пренесува „Взгљад“.  

Руски превентивен удар ако Украина се реши за „хрватско сценарио“?

Офицерите за команда на 8 армија се избирани со посебно внимание неколку месеци, при што е земено предвид практичното искуство на офицерите и е дадена предност на оние кои добро се покажале во борбени дејствија. Од 2018 година 8 армија, со која командува генерал-мајор Сергеј Кузовлев, ќе пристапи кон извршување на задачите во целосен обем.

За началник на штабот и прв заменик на Кузовлев е именуван генерал-мајор Олег Цеков, кој завршил на Челјабинската висока тенковска школа и служел во Туркестанскиот, Закавкаскиот, Забајкалскиот, Сибирскиот и Севернокавкаскиот воен округ, како и во Монголија.

За втор заменик на Кузовлев е именуван генерал-мајор Константин Касторнов, кој 2008 година командуваше со 3 Висланска моторизирана дивизија (Нов, Нижни Новгород), а потоа со 70 посебна моторизирана бригада (Усуријск), по што беше заменик-командант на 5 општа армија и вршител на должноста командант на 35 општа армија (Белогорск). 




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса