Русија на второ место по продажба на оружје
Според генералниот директор на „Рособоронекспорт“ Александар Михеев, Русија го држи второто место во светот (по САД) по продажба на оружје.
7 руски компании на врвот на светскиот извоз на оружје
„Последниве пет години извозот преку компанијата „Рособоронекспорт“ изнесуваше 15% од светскиот извоз на производството за воена намена, а вкупниот удел на Русија – околу 17%“, изјави Михеев, пренесува „Взгљад“.
Како што изјави првиот човек на „Рособоронекспорт“, во 2017 година компанијата го зголемила портфолиото на нарачки на 45 милијарди долари.
Претходно Михеев соопшти за договори за продажба на Индија на системи С-400 и за планираните договори со Египет за хеликоптери и системи за „Мистралите“.
