Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июль
2017

Експедиција ќе го бара точното место на загинувањето на групата на Дјатлов

0

Раководителот на Фондот за спомен на групата на Дјатлов Јуриј Кузневич смета дека за тоа постојат сите предуслови. „Во процесот на истражувањето многу од учесниците дојдоа до заклучок дека местото на загинувањето на туристите било друго, не она кое е наведено во кривичната истрага“, изјави тој, пренесува „Росијскаја газета“.

Мистеријата за страшната смрт на групата на Дјатлов

Бидејќи, според неговата теорија, смртта на туристите била предизвикана од експлозија, каде се случило и во кој дел на тајгата можат да укажат некои зачувани од времето траги - срушени дрвја, голи места. Нешто што природата не можела да го залечи ниту за 58 години. На пример, како во случајот со метеоритот од Тунгузија, кој падна во Сибир во јуни 1908: местото во тајга е видливо дури и сто години подоцна.

За истражување на теренот на подрачјето на преминот ова лето ќе бидат користени квадрокоптери и детектори за метал. Со помош на детекторите, конретно, се планира да се најдат артефакти на местото каде што престојувала групата на Дјатлов, доколку тоа го откријат дроновите.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса