Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2017

Путин со честитка по повод Денот на ВДВ

0

„Денеска ги чествуваме храбрите, силните по дух луѓе – оние, кои на повикот на срцето ја избраа за себе тешката, но одговорната и почесната служба во ВДВ“, се вели во честитката на Путин објавена на сајтот на Кремљ.

Претседателот истакна дека десантните единици најмногу од сѐ ги ценат законите на борбеното братство и заедно со другарите секој момент се подготвени да застанат во одбрана на Татковината.

85 години руска воздушно-десантна војска

„И се разбира, најискрени зборови на благодарност до ветераните од десантните единици. Со нивната храброст и јунаштво се создаваше историјата на легендарната „крилеста пешадија“, додава рускиот претседател.

Путин ја истакнува и сегашната генерација војници и офицери кои грижливо ги чуваат традициите на своите претходници и се справуваат со поставените задачи.

Денот на Воздушно-десантните сили во Русија се одбележува на 2 август врз основа на указот на претседателот на РФ од31 мај 2006 година, пренесува „Взгљад“.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса