Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2017

Астрономијата се враќа во руските училишта

0

Предметот Астрономија ќе се појави во училишната програма од 1 септември, изјави министерот за образование и наука на Руската Федерација Олга Васиљева на 2 август во интервју за весникот „Известија“.

Ѕвон од космосот

Според министерката, многу експерти зборуваат за вишок на предмети во училиштата, се дискутира за зголемување или намалување на оптовареноста на детето.

„Но, постои еден предмет кој, според мене, не треба да предизвика многу контроверзии и сомнеж: тоа е астрономијата. Од 1 септември 2017 таа триумфално се враќа во школската програма како наставен предмет со 35 часа“, вети Васиљева. „Парадокс: земјата, која прва полета во вселената, во училиштата нема астрономија, но нашите момчиња неколку години по ред освојуваат први места на меѓународните олимпијади по астрономија“, изјави министерката.

Во 2017-2018 учебна година учениците од повисоките класови ќе ја изучуваат астрономијата 35 недели. Во новата учебна година предметот ќе биде воведен во дел од руските училишта. Поради астрономијата, училиштата ќе мораат да ги намалат бројот на часовите по втор странски јазик, пренесува newsru.com.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса