Објавен бројот на Руси кои веруваат дека Сонцето се врти околу Земјата
Астрономијата беше отстранета од наставната програма на почетокот на 1990-те години, сепак основата се изучува во рамките на предметите по географија и физика.
Според податоците на Серускиот центар за проучување на јавното мислење, од 2007 до 2011 година бројот на Руси кои веруваат дека Сонцето се врти околу Земјата, а не обратно, пораснал од 29 на 33%.
Астрономијата се враќа во руските училишта
Неодамна воведениот предмет ќе го предаваат наставниците по физика.
Некои наставници сметаат дека предметот треба да се предава во 11 и 12 клас и дека е потребно време за подготовка на наставата по овој предмет.
„Учебникот „Астрономија“ е подготвен, и во себе ги содржи основните материјали, познати во времето на советската школа, и нови глави кои ги одразуваат современите проблеми на астрономијата, како и новите откритија и теории во текот на периодот кога во училиштата го немаше соодветниот предмет“, изјави директорот за надворешни комуникации на издавачката куќа „Просвета“ (Просвещение) Сергеј Григоренко, пренесува „Рамблер“.
