Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2017

Тихоокеанската флота му оддаде почит на екипажот на подморницата „Курск“

0

Прес-службата на Тихоокеанската флота соопшти дека на пладне, по локално време, на бродовите на групата подморници на Камчатка беа спуштени Андреевските знамиња,  а над заливот се слушнаа тревожните звуци на бродските сирени. Исто така беа организирани траурни манифестации.

На денешен ден: Несреќата на подморницата К-141 „Курск“

Споменот на загинатите морнари, исто така, го одбележа и Тихоокеанската висока воено-поморска школа „Адмирал Макаров“. На споменикот „Дипломирани студенти на училиштето“ и мвееморијалните плочи беа положени цвеќе и венци, пренесува „Известија“.

Нуклеарната подморница „Курск“ потона во Баренцовото море на 12 август 2000 година за време на воени вежби. 118 членови на екипажот загинаа.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса