Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2017

Русинката Ласицкене освои злато на Светското првенство во скок во височина

0

Ласицкене победи во финалето со резултат 2,03 метри, пренесува „Взгљад“.

Второто место го зазеде Јулија Левченко со резултат од 2,01 метри, третото место ѝ припадна на Камила Лицвинко од Полска (1,99).

Како што е истакна шампионката, да се настапува во Лондон било потешко отколку во Пекинг, поради условите кои беа поставени за Русите.

Русија надвор од лесната атлетика: 3 можни сценарија

„Се разбира, многу сакав да се слушне сопствената национална химна. Но, нема да ги трошам силите на тоа, и онака многу е потрошено. Има резултат и тоа е најважното“, изјави Ласицкене, коментирајќи ја химната на ИААФ на церемонијата на доделувањето на наградата на спортистката.

„Искрено, многу сум среќна. Ако од моето лице не се гледа тоа и не скокам како луда, верувајте ми на зборот!“, заклучи Русинката.

Од своја страна, тренерот на шампионката Генадиј Габрилјан изјави дека „се гордее со својата ученичка која освои злато на светското првенство во Лондон“.

Покрај тоа, главниот тренер на рускиот национален тим во скокови Антон Назаров го нарече златото на Ласицкене голема победа за целата руска атлетика.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса