Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2017

„Калашников” презентираше електромотоцикли ИЖ за руската полиција

0

Електромотоциклите првпат ќе ѝ бидат презентирани на јавноста на форумот „Армија-2017” што ќе се одржи во Московската област од 22 до 27 август. По форумот моделите ќе им бидат предадени на припадниците на сообраќајната полиција на Москва. По тест-возењето на новите електромотоцикли, полицајците изјавија дека им се допаѓа таквото превозно средство: тие ги истакнаа „комфорот“, добрите маневарски способности и другите возни карактеристики на мотоциклот.

Концернот не објавува детали за техничките карактеристики на електромотоциклот. Познато е само дека со едно полнење можат да поминат 150 километри, а дека силата на моторот е 15 киловати.

Претходно извор од воената индустрија соопшти дека концернот работи на варијанти на мотоциклот ИЖ за полицијата. Соговорникот на изданието истакна дека тие ќе наликуваат на мотоциклите за планински терен на јапонскиот производител „Кавасаки“, пренесува tjournal.ru.

Новинарите го замолија сопственикот на мото-сервисот „АВТ-сервис” Алексеј Трепихалин да ја оцени фотографијата од новиот ИЖ. Според него, мотоциклот е наменет за специјални трки на нерамен терен. Трепихалин се сомнева дека „Ижмаш“ (од 2013 година дел од концернот „Калашников“) го проектирал ова возило самостојно. Според него, на производителот му било „поедноставно да им ја даде нарачката на кинеските компании „Лифан“ и „Стелс“ сето тоа да го направат трипати поевтино“. Цената на еден електромотоцикл на „Калашников“ Трпихалин ја проценува на околу 150 илјади рубли (околу 2100 евра).




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса