Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2017

Русите не сакаат многу да трошат за свадба

0

Свадбената свеченост е неизбежна, но треба да биде во рамките на желбите и финансиските можности, сметаат мнозинството Руси (77%) во анкетата на Серускиот центар за испитување на јавното мислење (ВЦИОМ).

9% од анкетираните цврсто веруваат дека венчавањето мора да се прослави луксузно, додека 11% сметаат дека свадбената свеченост при склучувањето брак не е  неопходна. 

Русите кажаа зошто стапуваат во брак

Русите се убедени да нема свадбена церемонија без венчавање кај матичар (75%), без пријатели и роднини (61%), како и без венчаница и одело (59%). Според мислењето на мнозинството испитаници, најдобро време за стапување во брак е лето или есен.

Интересно е дека само неколкумина успеаја да се сетат на традиционалните свадбарски обичаи, затоа само 11% како еден од обичаите го навеле откупот на невестата.

Телефонската анкета е спроведена на 9-10 август, во неа учествуваа 1200 луѓе. Можноста за статистичка грешка не надминува 3,5%.

Како што наведуваат од ВЦИОМ, Русите сега подоцна стапуваат во брак. Семејството го создаваат помеѓу 28 и 30 години, повеќе сакаат да „пробаат“ отколку да избрзаат и да направат грешка, пишува „ Лента.ру“. 




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса