Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2017

Блогер во бунда се обиде да преживее на 40 степени во затворен автомобил

0

Видеото беше објавено на YouTube-каналот на блогерот Габар.

Во видеото, облечен во бунда, Габар седнува во загреан до 40 степени автомобил и се обидува да сфати како се чувствуваат оставените во затворен автомобил деца и домашни миленици. „Разбирам дека се доволни шест минути да му се нанесе непоправлива штета на здравјето на детето. Мислам дека на дете до осум години ќе мора да му се дава вештачко дишење“, потенцира прилично испотениот блогер.

Не можејќи да ја издржи топлината од 60 степени, по еден час Габар излегува од автомобилот. „Ми се врти во главата како да сум во пеколот“, истакнува и ги повикува сите да се однесуваат внимателно спрема децата и животните.

На средината на февруари блогерот се обиде да се закопа жив. Според него, на тој начин тој се обидел да ги тестира своите физички и психички способности во затворен простор, пренесува „Лента.ру“.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса