Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2017

Русија го отплати последниот надворешен долг на СССР

0

Руската Федерација на 8 август го исплати надворешниот долг спрема Босна и Херцеговина, последната регулирана обврска на СССР кон странска држава-кредитор, соопшти Министерството за финансии на Руската Федерација.

Во соопштението се истакнува дека долгот спрема Босна и Херцеговина во износ од 125,2 милиони американски долари е регулиран со договор меѓу владата на РФ и Советот на министри на Босна и Херцеговина за порамнување на обврските на поранешниот СССР според пресметки поврзани со прометот меѓу поранешниот СССР и поранешната СФРЈ, потпишан во Москва на 21 Март 2017 година, а кој стапи на сила на 20 јули 2017 година.

Русија врати поранешен советски долг од 1,1 милијарда долари

„Министерството за финансии соопштува за завршување на отплата на долгот на Руската Федерација за обврските на поранешниот СССР спрема Босна и Херцеговина“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.

Босна и Херцеговина е последната странска држава-кредитор на поранешниот СССР или Руската Федерација спрема која не беа регулирани обврските.

Во соопштението се истакнува дека во однос на државниот надворешен долг на РФ спрема официјалните билатерални кредитори во моментов останува нерегулиран само долгот спрема Република Кореја во износ од 594,3 милиони долари.

„Во согласност со важечкиот билатерален меѓувладин договор наведениот остаток од обврските подлежи на отплаќање во период до крајот на 2025“, истакнува министерството.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса