Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2017

Гаспром ќе изгради до крајот на годинава 1300 километри од Силата на Сибир

0

„Гаспром“ има изградено досега околу 979 километри од гасоводот „Силата на Сибир“, а до крајот на 2017 година ќе бидат изградени над 1300 километри. Ова се наведува во соопштението што го пренесува „Газета.ру“.

Зошто нема тендер за најкрупниот гасовод во Русија?

Се прецизира дека изградениот дел на гасоводот изнесува 45% од вкупната должина на примарната делница од Чајандинското поле до Благовешченск.

„Почетокот на производството на гас на наоѓалиштето (во Чајандинск) ќе биде синхронизирано со пуштањето во работа на „Силата на Сибир“, додаваат од „Гаспром“.

Претходно генералниот директор на компанијата „Гаспром трансгас Томск“ Анатолиј Титов го информираше претседателот на Русија Владимир Путин дека заварувањето на цевководите е завршено на 53% од должината на магистралниот гасовод „Силата на Сибир“.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса