Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2017

Над половината Руси се за ограничување на приливот на работници-мигранти

0

Повеќе од половината Руси (58%) сметаат дека властите мораат да го ограничат приливот на работници-мигранти кои доаѓаат во Русија за да работат, велат резултатите од истражувањето агенцијата за истражување на јавното мислење „Левада Центар“.

Ова прашање не е од суштинска важност за 30% од анкетираните („сеедно ми е“). Позитивен однос спрема мигрантите имаат 16%, претпазливи се 27%, а рамнодушни 54%.

Сакам да живеам во Русија. Како да го изведам тоа?

Спрема дојденците од Задкавказјето и Средна Азија мнозинството од анкетираните е рамнодушно (60 и 62%), негативен став имаат 28%, односно 27%, а позитивен 8%, односно 9%.

„Левада Центар“ истакнува дека во 2017 година нивото на етнофобија, тежнеење кон изолирање од претставници на други народи е на најниска точка од 2004 година, пренесува „Лента.ру“.

Истражувањето е спроведено во периодот меѓу 14 и 17 јули на примерок од 1601 лице постаро од 18 години во 137 населени места во 48 региони во Русија. 




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса