Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2017

Бајкалското езеро најатрактивна природна убавина во Русија

0

Бајкалското езеро е најпопуларната природна туристичка дестинација во Русија сместена на листата на културно наследство на УНЕСКО, соопшти аналитичка агенција „ТурСтата“.

Бајкалското езеро годишно го посетуваат просечно три милиони туристи. Езерото се наоѓа на светското културно наследство на УНЕСКО од 196 година. На второто место се Златните Алтајски планини. Во таа зона со површина од повеќе од 16 илјади квадратни километри влегуваат три делници од Алтајските планини.

Алтај: белите дробови на планетава

На третото место е Западен Кавказ. Овој планински систем го вклучува Националниот парк во Сочи, неколку резервати и споменици на природата во Краснодарскиот крај, Адигеја и Карачаево-Черкесија.

Четвртото место го заземаат вулканите на Камчатка. Територијата под заштита на УНЕСКО опфаќа шест сегменти на истокот, југот и центарот на полуостровот. Тука се наоѓаат околу 30 активни и 300 згаснати вулкани.

На петтото место е најмладиот руски резерват на природата на листата на УНЕСКО – Ленските столбови во Јакутија, комплекс од прекрасни светликави карпи по должината на реката Лена, а во другата половина од десет најатрактивни природни убавини се знаменитостите во Коми, Приморје, на Чукотка, Тува и Краснојарскиот крај.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса