Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2017

Пред 24 години: Одржан е првиот меѓународен авиокосмички салон МАКС

0

Првата меѓународна изложба на авијација во Русија е одржана во 1911 година, во Михаиловски Манеж во Санкт Петербург. Почнувајќи од 1993 година територијата на Летечко-истражувачкиот институт „М. М. Громов“ стана место на кое се одржува Меѓунариодниот Салон за Авијација и Космонавтика (МАКС). Главната цел на саемот е демонстрација на новите руски технологии во оваа сфера и отворање на домашниот пазар за можни заеднички проекти со партнери од странство.

За време на првиот салон во 1993 година учествуваа 178 компании од земјите на поранешниот Советски Сојуз и 82 странски компании. Бројот на посетители надминуваше 400,000.

Повеќенаменскиот ловец-бомбардер Су-35, хеликоптерот „ловец“ на тенкови Ка-50 наречен „Црна ајкула“, товарната верзија на Ту-204, Ил-96М и Ан-74Т беа прикажани за првпат и привлекоа големо внимание на првиот саем.

МАКС-2017 беше посетен од околу 450,000 посетители. Главните атракции беа рускиот ловец МиГ-35 и воениот транспортен хеликоптер Ми-8АМТСХ.

Што видовме на Московскиот авиокосмички салон во новиот милениум?




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса