Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2017

Анкета: 53% од Русите не ги интересира политика

0

За политички теми со семејството и пријателите често расправаат 22% од испитаниците, ретко – 36%. Од испитаниците 41% не дискутира за никакви настани од рускиот политички живот, пренесува ИА „Регнум“.

Најчести теми за дискусија меѓу руските граѓани се: „настаните во Украина“, „влошувањето на руско-американските односи“, „состојбата во економијата, растот на цените, невработеноста“ и „настаните во Сирија“.

Русите подобро ја оценуваат политичката и економската ситуација во земјата

Граѓаните исто така дискутираат и за „активностите на претседателот Владимир Путин“, „односите на Русија со другите земји“, „нестабилната ситуација во светот, војните и терористичките напади“.

Русите ретко зборуваат за „митинзи, протестни акции“, „за проблемите на Крим“, и „јакнењето на одбранбената способност на земјата“.

Истражувањето е спроведено на 13 август 2017 година на 1500 испитаници во 104 населени места во Русија.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса