Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2017
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31

Заев:Влегуваме во година на клучни одлуки

0
Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со претседателите и претставниците на политичките партии од коалицијата. Заев истакнал дека промените во државата навестуваат дека влегуваме во година на клучни одлуки. На оваа предновогодишна средба, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев ги запознал коалициските партнери со главните точки и остварувања на Владата и нагласил дека тие се постигнати врз основа на принципите договорени со коалицијата.


"Создадовме околности кои целосно го променија демократскиот амбиент во земјата, за што пристигнаа признанија и од народот со исходот на локалните избори, како и од меѓународната заедница, особено од нашите стратешки партнери во ЕУ, НАТО и од САД и овие промени навестуваат дека влегуваме во година на клучни одлуки за државата. Во таа смисла е многу значајно заемното охрабрување и поддршка на сите партнери во коалицијата во сите области, и посебно во остварувањето на концептот едно општество за сите", истакнал Заев.


Во текот на разговорот Заев зборувал за повеќе прашања од интерес за граѓаните, како и теми од заеднички договорените политики, кои во изминатите седум месеци се преточија во конкретни мерки и законски решенија од спроведувањето на програмата на Владата.


"Беше нагласено дека насоките се утврдени и дека паралелно со она што се очекува на планот за европските и евро-атлантските аспирации, ќе се динамизираат и процесите во спроведувањето на реформите и реализацијата на Планот за економски раст", се наведува во соопштението од владината прес-служба. 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса