Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2017
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31

Заев: Обединети во 2018 да ја заокружиме визијата за модерна држава

0
Македонија во 2018 година да биде 30-та земја членка на НАТО, да добие чиста препорака за почеток на предпристапни преговори со ЕУ, да биде пријател со сите пет соседи и предводник во градењето нов имиџ за Балканот изјави  премиерот Зоран Заев во новогодишно обраќање. Заев најавува мирен и квалитетен живот за граѓаните, повисоки плати, нула толеранција кон корупцијата, владеење на правото, враќање на довербата во институциите, јавно, отчетно работење и не политика на поделби, туку општество за сите.


" На патот сме да ја заокружиме визијата за модерна, економски напредна и респектирана држава. Да се обединиме околу овие приоритети. Сега како никогаш досега, сите да ја прифатиме одговорноста за нашата иднина", истакнува премиерот во обраќањето.


Според него, најголем успех годинава е тоа што „слободоумните граѓани ослободија заробена држава“.


Според него клучен фактор за создавање доверба, додава, е да се спроведува владеење на правото.


 Заев вели дека силно се противи на амбиент во кој некои политички елити се почувствуваа привилегирани.


" Мислеа дека правдата и казната што произлегува после корупцијата, нема да ги опфати и нив. Сите мораме да го дадеме сопствениот придонес кон реформата и кон новото време за кое постигнавме општествен консензус: Нула толеранција за корупцијата и нула толеранција за кршење на човековите права", истакнува  претседателот на Владата во обраќањето.


 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса