Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2018

Мета: Македонското малцинство е богатство за Албанија

0
Албанскиот претседател Илир Мета, кој денеска престојуваше меѓу Македонците во општина Пустец порача дека македонското малцинство е богатство за Албанија.


Беше пречекан од заменик-градоначалник Андон Јани, членовите на Советот на општината Пустец и претставници на МАЕИ, предводени од генералниот секретар Васил Стерјовски, со кои се задржа во подолг разговор.


“Многу е значајно да го негувате вашиот идентитет. Јас сум посветен и понатаму да го промовирам македонското малциство, кое има прекрасни вредности и традиции. Македонското малцинство ќе биде постојано во моето внимание”, изјави Мета по средбата.


Во врска со одбележувањето на значајни исторски личности и настани, Мета најави дека годинава, ќе биде и во знакот на оддавање почит на познатиот писател по потекло од овој крај Стерјо Спасе, „синот на македонската етничка заедница“ чија куќа во селото Глобочани, како што додаде, ќе биде реставрирана и претворена во музеј.


Според него, поради потешкотиите со кои се соочуваат жителите на оваа општина, посебно невработеноста на младите, треба заедничка ангажираност бидејќи општината е една од оние која располага со најмногу природни богатства и убавини. Мета ја посети црквата „Свети Архангел и Михаил“.



 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса