Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2018

Макрон во прва официјална посета на Кина

0
Францускиот претседател Емануел Макрон ја започна својата прва официјална посета на Кина, при што  фокусот на разговорите е на трговијата, светските конфликти и климатските промени. Макрон и неговата сопруга, Брижит, денеска  ја започнаа посетата  со посетите на Музејот на теракотни воини, будистичко светилиште и на џамија во градот Ксиан. Пред да отпатува, Макрон телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговара за кризата во Северна Кореја и Иран, што најверојатно  е  една од темите на  разговорите  со кинескиот претседател Кси Џинпинг. Кина е главниот сојузник на Северна Кореја, а многу западни сили го притискаат Пекинг да изврши притисок врз Пјонгјанг да ги прекине тестирањата на балистичките ракети и нуклеарно оружје, програми кои се забранети со резолуциите на Обединетите нации.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса