Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2018

Рахој: Директно управување со Каталонија ако не се појави Пучдемон

0
Шпанските власти ќе настојуваат директно да ја контролираат Каталонија доколку сменетиот лидер на покраината Карлос Пучдемон се обиде да ја извршува функција на регионален претседател од Брисел, каде што побегна од шпанскиот суд, изјави денеска шпанскиот премиер Маријано Рахој. Пучдемон кој беше на чело на каталонското движење за отцепување, прогласи независност на Каталонија и предизвика реакција на власта, сака да ја објави пред каталонскиот парламентот својата кандидатура за позицијата на регионален лидер по пат на видео снимка или преку делегатите, а со цел да го избегне враќањето во Шпанија, каде што би бил уапсен. Рахој истакна дека претседателот на покраината мора лично да ја презеде таа должност и дека специјалните овластувања на Шпанија остануваат на сила се додека тоа не се случи. Партиите кои ја поддржуваат независноста освоија најмногу места во регионалниот парламент на минатите парламентарни избори, но осум од нивните пратеници се или во бегство или во затвор. 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса