Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2018

Претседателот и Владата на Косово го осудија убиството на Ивановиќ

0
Претседателот на Косово Хашим Тачи остро го осуди убиството на лидерот на иницијативата „Слобода, демократија, правда“ (СПД), Оливер Ивановиќ, повикувајќи ги надлежните што поскоро да ги расветлат околностите за убиството и сторителите да ги изведат пред лицето на правдата.


Остра осуда за убиството на Ивановиќ пристигна и од Владата на Косово која истакна дека насилство е неприфатливо без оглед од кого доаѓа и против кој е насочено.


„Владата на Косово смета дека чинот на убиството на Оливер Ивановиќ го доведува во предизвик владеењето на законите и воспоставувањето ред на целата територија на Косово.“


Од косовската Влада ги повикуваат граѓаните на соработка со надлежните органи во расветлувањето на случајот, а од безбедносните органи се бара сторителите на злосторството да се изведат пред правдата.


Ивановиќ беше нападнат со огнено оружје во 8 и 15 часот пред неговата канцеларија во Северна Митровица. Косовското обвинителство соопшти дека врз него било пукано од автомобил во движење, по што напаѓачот побегнал и дека по него се трага. 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса