Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2018

Иванов-Столтенберг: Македонија да го добие заслуженото членство во НАТО

0
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов оствари средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на која истакнал дека Република Македонија во континуитет покажува дека е доверлив и стратешки партнер и сојузник на НАТО и дека е неопходно е да го добие одамна заслуженото членство во Алијансата, со што ќе се создадат трајни придобивки за безбедноста, стабилноста и просперитетот во целиот регион, соопшти Кабинетот на претседателот. 


На средбата тие разговоарале за евроатлантските интеграции на Република Македонија, за реформите во одбраната и безбедноста во согласност со НАТО стандардите, како и за унапредувањето и продлабочувањето на соработката со Северноатлантската алијанса.


Иванов и Столтенберг оцениле дека односите и соработката меѓу Република Македонија и Алијансата се на високо ниво и го истакнале придонесот што македонската армија го дава во рамки на меѓународните мировни мисии, се вели во соопштението. 


 


 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса