Оваа награда воопшто е голем настан и за Националниот театар во Истанбул. Освен интересот во Турција, се јавија и фестивали од другите земји, така што мислам дека приказната за нашата „Ромео и Јулија“ е на почетокот од своето патешествие, вели режисерот Дејан Пројковски, не многу откако неговата поставка на шекспировиот класик беше прогласена за најдобра претстава за 2017 година од тамошниот театарски магазин „Тијатро“.