Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2018

Рускиот Уставен суд одби да ја разгледа жалбата на Навални

0
Рускиот Уставен суд одби да ја разгледа жалбата на опозицискиот лидер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални, за изборните закони употребени од властите да ја забранат неговата кандидатура на руските претседателски избори во март оваа година.


Новинската агенција РИА денеска извести дека судот навел правни проблеми во приговорот на Навални. Руската Централна изборна комисија во декември ја одби кандидатурата на Навални за изборите на 18 март поради пресуда за кривични дела, за кои тој вели дека се политички мотивирани.


Навали кој е гласен критичар на рускиот претседател Владимир Путин пре одлуката на изборната на Изборната комисија повика на изборен бојкот. Во меѓувреме неговите поддржувачи рекоа дека неколкупати биле малтретирани од полицијата.


Тие велат дека канцелариите за кампањата на Навални низ земјата биле претресувани и биле запленети летоци во кои се повикува на бојкот на изборите. Поддржувачите на Навални планираат на 28 јануари да организираат масовни протести низ Русија против неговата дисквалификација.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса