Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2018

Борисов: ЕУ треба да го интегрира Западниот Балкан

0
Потребно е Европската унија да ја исправи неправдата нанесена на Западниот Балкан и да ги интегрира балканските земји, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов во обраќањето на Светскиот економски форум во Давос. 


“Државите од Западниот Балкан прават се што е потребно и се што е во рамките на нивните сили да одговорат на очекувањата од нив, а ние, нивните соседи, исто така треба да направиме се што можеме за да ја забрзаме нивната интеграција,” изјави Борисов. 


Бугарскиот премиер додаде дека сега, пред приемот на балканските земји во НАТО и ЕУ, е најпогодниот момент за изградба на нова транспортна, енергетска и еко-инфраструктура во регионот. 


Борисов на Форумот во Давос ги претстави приоритетите на Бугарија за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската унија.




 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса