Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2018

Заев - Успешно учество на форумот во Давос

0
Македонија повторно има глас на светската економска и политичка сцена, оценува премиерот Зоран Заев, по завршувањето на Самитот во Давос, Швајцарија. Тој го оцени учеството на македонската делегација како плодотворно и успешно.


„После повеќегодишна изолација, политичките лидери на Македонија и на регионот, повторно и заедно имаат свое присуство и глас на глобалната економска и политичка сцена. Нашиот став тука е слушнат: Западен Балкан создава сплотена иднина во ЕУ и НАТО“, рече Заев.


Тој вели дека на работните средби добиле поддршка за реформите во Македонија, и добиле порака дека реформите се клучни за економски просперитет.


„Интеграцијата на Македонија надвор, реформите и економските мерки дома, се клучни за развој и за внатрешен напредок на нашата држава“, рече Заев.


Заев во Давос се сретна со премиери и претседатели на земјите од регионот и со еврокомесарот Јоханес Хан, а имаше средби и со претставници на Европската банка за обнова и развој, на Светкса банка, претставници на светски фирми и други политичари. Заев се сретнал и со Џерард Кушнер, советникот на претседателот на САД, Доналд Трамп и со министерот за економски развој на Русија, Максим Орешки.


 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса