Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2018

Земан реизбран за претседател на Чешка

0
Проруски ориентираниот политичар Милош Земан е резибран за претседател на Чешка. Според резултатите од претседателските избори во земјата, тој го освои вториот петгодишен мандат. Официјалните резултати од 96,87 отсто од избирачките места покажуваат дека Земан освоил 51,95 отсто од гласовите, а неговиот против кандидат, проевропски ориентираниот академик Јиржи Драгош, 48,04 отсто од гласовите.


73 годишниот Земан е на функцијата претседател од 2013 година. Тој има анти имигрантски ставови и ги затопли односите со рускиот претседател Владимир Путин во време во кое многумина во Европа стравуваат од мешање на Москва во западните избори и процеси. Земан исто така се залага за поблиски односи со Кина.


Драгош пред насобраните поддржувачи веќе му ја честита победата на Земан. 68-годишниот Драгош  е поранешен шеф на Чешката академија за науки и се смета за проевропски либерал. Тој е нов во политика и не доаѓа од ниту една политичка партија, а вели дека е загрижен за порастот на екстремизмот и популизмот.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса