Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2018

Ѕанакопулос: Договорот за името ќе помине со широко мнозинство

0
Портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос денска даде проценка дека постои приближување на позициите на владата со дел од грчките партии, а со тоа и дека евентуалниот договор за името ќе биде изгласан во грчкиот Парламент. 


„Во преговорите доаѓаме со националната позиција, односно сложено име со временска или географска одредница, повлекување на иредентистичките позиции и ставови на соседот. Доколку врз основа на ова се постигне договор, целосно сум сигурен дека нема да имаме само парламентарно мнозинство, туку ќе имаме широко парламентарно мнозинство“, рече Ѕанакопулос за грчките медиуми, пренесува МИА.


Тој додаде дека политичкиот заклучок од средбите на премиерот со политичките лидери е дека „се чини оти се создава приближување на позициите на повеќето партии, со исклучок на Сојуз на централисти и господинот Мицотакис“, објасни Ѕанакопулос.  


 


 


 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса