Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција во однос на посетата на Нимиц ги потврди очекувањата на медијаторот дека е вистинско време за решение. Во однос на највената спогодба од грчка страна, кратко рече дека заедно работат на сите аспекти од преговорите. Експертите очекуваат македонската страна да го даде своето мислење за сите детали од преговорите.