Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2018

ОН: Хуманитарната криза во Сирија најлоша од 2015

0
Хуманитарниот советник на Обединетите нации, Јан Егеланд, изјави дека испораките за помош на стотици илјади цивили кои се "под опсада" во Сирија е на најниско ниво од 2015 година, и дека ниту еден хуманитарен конвојот не стигнал до овие места од ноември. "Хуманитарната дипломатија се чини дека е целосно неделотворна", им рече Егеланд на новинарите во Женева по состанокот на светските и регионалните сили во хуманитарната "оперативна група" на ОН за Сирија. Советникот на ОН ја обвини сириската влада и бунтовниците за ситуацијата, како и земјите што ги поддржуваат во речиси седумгодишната граѓанска војна во Сирија, во која загинаа стотици илјади луѓе. Тој ги наведе Русија и Иран, кои ја дадоа клучната поддршка на владата на претседателот Башар ал Асад за време на конфликтот, како и Турција, која ги поддржува бунтовничките групи. Во меѓувреме, Турција ја продолжи воена операција во курдската енклава  Арин во северна Сирија.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса