Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2018

Изјавите на Димитров во фокусот на медиумите во Грција

0
Грчките медиуми, во извештаите по средбата на Никола Димитров и Метју Нимиц, акцентот го ставаат на изјавите на шефот на македонската дипломатија дека сме Македонци и зборуваме македонски и дека ако се допре идентитетот, нема решение.


„Бомби“, „торпедо“, „ракета“ се зборовите што грчките новинари ги користат за да ги пренесат ставовите на министерот за надворешни работи.


Некои од медиумите коментираат дека станува збор за „провокативни изјави“, други дека Димитров, директно ја разјаснил позицијата на соседната земја.


"Без да врти од околу министерот за надворешни работи на ПЈРМ, Никола Димитров, пред специјалниот медијатор на Обединетите нации, Метју Нимиц, разјасни дека прашањето за националниот идентитет и јазик е „црвена линија“ за Скопје, пишува информативниот портал Протагон, пренесува МИА.


Министерот за надворешни работи на ПЈРМ, Никола Димитров за време на прес конференцијата излезе провокативен со неговата изјава. Министерот за надворешни работи на ПЈРМ, инсистираше посебно на темите за националниот идентитет и прашањето за јазикот, коментира порталот Капитал, а со сличен натпис е и онлајн изданието на Прото тема.


" Со една целосно провокативна изјава за правото на Скопјаните да се нарекуваат Македонци и да зборуваат „македонски јазик“ како дел од група словенски јазици, настапи министерот за надворешни работи на Скопје, Никола Димитров, за време на заедничката прес конференција со Метју Нимиц, пишува онлајн изданието на десничарски ориентираниот весник Прото тема.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса