Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2018

Кривичниот суд примил над 2.500 барања за амнестија

0
Кривичниот суд согласно Законот за амнестија до денеска примил над 2.500 барања за амнестија од осудени лица, од кои две третини се решени и вратени до затворите, истакна на денешниот брифинг со новинарите претседателот на Судот Иван Џолев.


Ова не е вкупна бројка на осудени лица, додаде тој, туку бројка на барања, појаснувајќи дека од еден осуденик може да бидат поднесени и повеќе барања, како и дека барањата опфаќаат не само целосна, туку и делумна амнестија.


Според Џолев, направен е увид во над 10 илјади предмети и сите рокови се испочитувани, додавајќи дека рокот од пет дена за одлучување по барање за амнестија ќе се запази и за барањата кои ќе стигнат до Судот дополнително. Првите решенија од Кривичниот суд биле издадени на 2 февруари, рече Џолев. 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса