Константната загаденост на воздухот укажува на тоа дека се потребни поинакви и долгорочни решенија. Екологистите апелираат да се воведе стратегија која ќе се одвива во континуитет за да може слободно да дишат граѓаните. Чекори во борбата против загадувањето се направени, а владата размислува и за нови мерки. Невладините придонесува со анализи, а потребно е и граѓаните да придонесат за почист воздух. Македонија не е исклучок, загадениот воздухот и во Европа зема се повеќе човечки животи.