Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2018

Замрзнување на брзиномерите можна причина за уривањето на рускиот авион

0
Руските истражители соопштија дека авионската несреќа во близина на Москва во која загинаа 71 лице, е можно да била предизвикана поради замрзнување на уредите за мерење на брзината.


Московскиот Комитет за воздухопловство денеска соопшти дека прелиминарните тестови и анализи покажуваат дека брзиномерите е можно да биле покриени со мраз и да покажале неточни податоци, укажувајќи на тоа дека елементите за греење не биле вклучени пред авионот Ан-148 да полета од аеродромот во Москва кон градот Орск на Урал.


Според Комитетот за воздухопловство, црните кутии пронајдени на местото на уривањето покажале дека вонредната состојба во авионот се случила на две ипол минути од неговото полетување.


Црните кутии покажале дека двата уреди за мерење на брзината покажале различна брзина пред уривањето, едниот нагло зголемување на брзината, а другиот покажувал нула, по што екипажот го исклучил автопилотот и рачно го управувале авионот кој ја погодил земјата шест минути по полетувањето.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса