Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2018

Димитров ќе учествува на состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ

0
Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров на 15 и 16 февруари ќе учествува на неформален состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ кој ќе се одржи во Софија.


Домаќин на состанокот ќе биде бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева чија земја е претседавач со ЕУ, а темите на кои ќе се дискутира ќе бидат состојбата во Западен Балкан со акцент на евроинтегративниот процес на регионот, како и ситуацијата во Сирија и Северна Кореја.


На состанокот ќе учествуваат високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини, шефовите на дипломатиите на 28-те земји членки и министрите за надворешни работи на петте земји кандидатки од регионот: Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Турција.


Димитров во Софија пристигнува утре каде е предвидено да има билатерални средби со претседателот на Бугарија Румен Радев, премиерот Бојко Борисов и со неговата колешка Захариева со која, како што соопшти МНР, предвидено е да ги разменат ратификационите документи на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса