Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2018

Четворица загинати во напад на пакистанските Талибанци

0
Пакистанските власти соопштија дека вооружен напаѓач застрелал четворица паравојници во југозападниот град Квета, во заседа за која одговорност презедоа пакистанските Талибанци.


Полицијата наведе дека војниците на пограничниот корпус денеска биле на патрола во Квета, кога врз нив напаѓачот отворил оган. Висок претставник на паравоените сили го потврди нападот и бројот на загинатите.


Квета е главен град на богатиот регион Балочистан, кој се граничи со Авганистан и Иран. Провинцијата е погодена од насилство на секти, напади на исламски милитанти и сепаратистички бунт кој доведе до илјадници жртви од 2004 година.


На 3 февруари во напад на бомбаш самоубиец загинаа 11 војници во напад на армиски камп во долината Сват на северозападот на Пакистан за кој пакистанските Талибанци ја презедоа одговорноста.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса