Патот Дебар- Маврово деблокиран, струја и натаму нема
Градоначалникот на општина Маврово- Ростуше Медат Куртовски изјави дека втората лавина која се случи околу 5 часот била многу поголема од првата лавина од снег која се случи синоќа. Тој рече дека сега патот е отворен за сообраќај.
Инаку поради големи штети на далноводот, сите селски населби во општина Маврово- Ростуше се без електрична енергија повеќе од 40 часа.
