Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2018

Шекеринска и Димитров на Минхенската безбедносна конференција

0
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров од утре до недела ќе учествуваат на 54. Минхенска безбедносна конференција.


На конференцијата ќе присуствуваат секретарот за одбрана на САД Џејмс Матис, генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер, шефицата за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за соседска политика Јоханес Хан.


Во фокусот на конференцијата ќе бидат дебатите за улогата на ЕУ како глобален актер и нејзините односи со НАТО, САД и Русија, растечката закана за либералниот меѓународен поредок, конфликтите на Блискиот Исток, заканите од тероризмот, но и за прашања за заштита на животната средина и за сајбер безбедноста.


Посебен акцент ќе биде ставен и на прашањата за контрола на оружјето и тензиите околу програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја.


Македонските министри е предвидено да остварат и повеќе билатерални средби.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса