Мицотакис го критикува Ципрас за прашањето за името
„Веќе сите сфатија дека преговарањето на владата уште од почеток беше погрешно. Без план, без гаранции, тргнаа да дадат сѐ, доволни им беа само два симболични потези, преименување на еден пат и на еден аеродром. Дури и основните прашања за иредентизмот и промената на Уставот ги ставија во агендата по соодветните барања од Нова демократија. И до овој момент сѐ уште не е разјаснето дали овие промени навистина се неопходен предуслов за да продолжи било каков разговор за името, како што ние се залагаме“, рече Мицотакис.
