Во Турција осудени шест новинари на доживотен затвор
Меѓу осудените денеска се поранешниот уредник на весникот „Тараф“ Ахмет Алтан, неговиот брат, новинарот и академик Мехмет Алтан и истакнатиот новинар Назли Иличак.
Новинарите беа обвинети за поврзаност со исламскиот свештеник од САД Фетилах Ѓулен, кого Турција го обвини за неуспешниот обид за пуч во јули 2016 година. Ѓулен ги отфрла обвиненијата.
Обвинетите се теретат за обиди против турскиот Устав и учество во терористичка организација.
Браќата Алтан конкретно беа обвинети за давање кодирани пораки во телевизиско шоу ден пред неуспешниот воен удар на 15 јули.
