Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2018

Села сведочеше за настаните од 27 април во Собранието

0
Пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села, сведочејќи за насилствата во Собранието од 27 април, денеска во Судот изјави дека во прес-салата бил удрен со монитор и со копје од знаме, а слушал и закани дека ќе биде убиен.


Тој рече дека бил нападнат од лица од толпата кои го фатиле за глава и го удирале со тупаници, по што изгубил свест, додавајќи дека последно што се сеќава е дека паднал на колена и напаѓачите почнале да го удираат по главата и телото.


Села наведе дека при нападот се обидувале да го заштитат пратениците Сурија Рушити и Реџеп Исмаили, но кога тие се повлекле тој бил нападнат од толпата.


Кога се освестил по два часа во канцеларијата на Собранието, каде дошла полицијата и итна медицинска помош, полицајците го маскирале во повреден полицаец и го одвеле во болница.


Зборувајќи за настаните, тој рече дека во салата имало новинарка која разговарала со некој со фантомка, го снимала и не му дозволила да излезе.


Села рече дека како последица на претрпеното од 27 април денеска прима терапија за болки и слабо памтење. На претходното рочиште неговиот адвокат побара оштета во висина од 30 милиони денари.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса