Швајцарска помош за поефикасно функционирање на Собранието
Џафери по потпишувањето на Меморандумот рече дека тоа е уште една потврда за напорите на раководството на Собранието во насока на зајакнување на неговата улога и капацитети, унапредување на владеењето на правото и приближување до стандардите за работа и резултатите на парламентите од земјите членки на ЕУ.
Марти Ланг истакна дека овој Меморандум ги поставува темелите на идната соработка која е во насока на поддршка на Собранието во зајакнување на неговите капацитети.
Подготвителната фаза на проектот ќе биде од 1 јули 2018 до 30 април 2019 година и вклучува донација од 350 илјади швајцарски франци, додека во следните 11,5 години вкупната донација за Собранието би била 11 милиони швајцарски франци.
