ВМРО-ДПМНЕ:Вкупниот трошок за двајцата нови потпретседатели на Собранието е 8.000 евра
Опозициската партија во соопштението тврди дека месечниот трошок за еден потпретседател на Собранието по основ на плата, асистент, секретарка, возач, гориво, репрезентации и други трошоци изнесува 225.000 денари или приближно 4000 евра.
"Вкупниот трошок за двата нови потпретседатели изнесува 8000 евра.Тоа се 8000 евра месечно, пари кои можат да се вложат во здравството, образованието, во отворање на нови работни места и за голем број други проекти" пишува во соопштението.
Од партијата наведуваат и дека ова било сосема спротивно од заложбите на СДСМ пред изборите за намалување на непродуктивното трошење.
