Нови сознанија во истрагата за руското мешање во американските избори
Поранешниот висок претставник на Трамповиот изборен штаб, Рик Гејтс ја призна вината откако и против него беше покренато обвинение во истрагата на Мулер за руското мешање во американските претседателски избори. Нема сознанија дека Манафорд или Гејтс склучиле тајни договори со Русија во намерата да се влијае на резултатите на американските претседателски избори во 2016 година, што е главна цел на истрагата на министерството за правда на САД.
