Данев и Велјановски нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
На синоќешната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се дискутирало за актуелните политички случувања во државата, заостанувањето во реформската агенда, демократското назадување, влошувањето на економската состојба, како и за остварените посети на претседателот Христијан Мицковски во Европскиот парламент и САД, соопштуваат од опозициската ВМР0-ДПМНЕ. Во партиското соопштение до јавноста се додава дека било дискутирано за се поголемото стагнирање на македонската економија и за безидејноста на оваа власт да се справи со овој предизвик.
