Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2018

Советот за безбедност на ОН ќе гласа за сирискoто примирје

0
Советот за безбедност на ОН настојува да постигне договор за резолуцијата за прекин на огнот во Сирија и го враќа гласањето на дневен ред денеска попладне. Гласањето за предлогот за примирје за 30 дена во Сирија за да се овозможи хуманитарна помош и  евакуација на повредените цивили веќе од 22 февруари е одложено неколку пати. Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини Русија, Иран и сириската влада дека се одговорни за "хуманитарна немилост" во Сирија. "Ќе кажам дека она што Русија, Иран иСирија го направија неодамна е хуманитарен  срам", изјави Трамп на прес-конференцијата во Белата куќа.  Русија претходно изрази противење на резолуцијата, велејќи дека е нереална и дека го игнорира фактот дека голем број борци на Исламистичката држава остануваат во регионот. Францускиот претседател Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел апелираа до рускиот претседател Владимир Путин Русија да ја поддржи резолуцијата и да ја  притисне сириската влада за  сопирање на  бомбардирањата во енклавата на бунтовниците надвор од Дамаск.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса