Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2018

Мицкоски: Неприфатливо е зголемувањето на старосната граница за пензионирање

0
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека зголемувањето на старосната граница за пензионирање е неприфатлива и штетна мерка од која ќе загубат граѓаните, но ќе преставува и товар за приватниот бизнис. Тој вели дека секој ден владата се фали дека економијата оди добро, а за пензискиот фонд тврди дека има недостаток од пари.


„ Вистината е дека оваа влада не умее да менаџира со парите на граѓаните. Пари има почитувани, потребни се капитални инвестиции и сериозен пристап“, изјави претседателот  на ВМРО-ДПМНЕ.


Според него, постојната старосна граница за пензионирање е во рамките на просекот на европските земји и целосно одговара на демографските карактеристики. Тој истакнува дека очекуваното траење на животниот век во Република Македонија е за околу 5 години пониско во споредба со развиените земји и  оти нема никаква оправданост за зголемување на старосната граница како услов за пензионирање.


"Кон ова треба да се додадат и се уште релативно лошите услови за работа во повеќе сектори од македонската економија, особено кај туридоинтензивните дејности кои придонесуваат за забрзано трошење на работната сила. Секако ваквата мерка ќе значи и помали шанси за вработување на младите луѓе, и помала компетитивност на пазарот“, истакнува Мицкоски.


Тој нагласи  дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи со зголемување на старосната граница за пензионирање, зашто , како што рече, тоа е чекор кој е израз на неспособност да се менаџира со јавните финансии и тоа  не треба да се прекрши на грбот на работниците.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса