Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Март
2018

Заев и Гаши разговарале за реформските, економските и политичките текови

0
Актуелните реформски процеси со посебен осврт на евроатлантските интеграции, како и економските текови во земјава биле тема на работниот состанок на премиерот Зоран Заев со претседателот на движењето Беса, Африм Гаши. Од владината служба за информирање соопштија дека Заев го информирал Гаши за текот на преговорите во врска со проблемот кој Република Грција го има со уставното име на Република Македонија, потенцирајќи дека процесот се наоѓа во суштинска фаза и дека постојат разлики меѓу преговарачките страни, но дека постои оптимизам за изнаоѓање решение кое ќе ги заштити достоинството и идентитетот на граѓаните на двете држави. Во рамки на состанокот било договорено дека разговорите меѓу премиерот Заев и лидерот на Беса, Гаши ќе продолжат во текот на месецов заради обезбедување идна можна соработка на парламентарно ниво и на ниво на извршна власт.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса